НЛБ Нов пензиски фонд ќе продолжи да работи нормално

20 March, 2017 - 17:25

Пензискиот фонд на НЛБ банка, кој ќе биде продаден, ќе продолжи да функционира нормално, во согласност со сите регулаторни правила, и ќе обезбеди највисок степен на безбедност и квалитет на услугите за членовите на фондовите. Ова го соопшти банката, откако минатата недела беше соопштено дека НЛБ Љубљана и НЛБ банка го почнуваат процесот на продажба на 100 отсто од акционерскиот капитал на друштвото.

Групацијата НЛБ информира дека на долг рок ќе се фокусира на основните банкарски дејности на македонскиот пазар, кој е еден од нејзините клучни стратешки пазари.

„НЛБ Групацијата е свесна за важноста на НЛБ Нов пензиски фонд Скопје на македонскиот пазар, и затоа има намера да го спроведе процесот на продажба на начин кој ќе му овозможи на фондот да продолжи да функционира нормално. Процесот на продажба ќе биде спроведен согласно сите релевантни прописи и закони“, велат од НЛБ банка.

НЛБ Нов пензиски фонд Скопје управува со два пензиски фонда во земјава, со средства во износ од над 370 милиони евра и повеќе од 210 илјади членови. 

Веста е прочитана 927 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.