Нов терористички напад во Париз

21 April, 2017 - 08:17

Терористички напад се случи синоќа на авенијата Шанзелизе во Париз. Во претсрелка е убиен еден полицаец, а двајца други се тешко ранети.

Еден од напаѓачите исто така е убиен, а се трага по негови соучесници. Одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава. Во нивното соопштение се наведува дека напаѓачот се вика Абу Јусеф, кој е од Белгија и е борец во Исламска држава.

Нападот се случил околу  21 часот, кога авенијата Шанзелизе е најпосетена. Според полицијата, напаѓачот пристигнал со автомобил на познатата авенија, по што веднаш започнал да стрела од автоматско оружје врз полициската патрола која се наоѓала во автомобил. Притоа на лице место убил еден полицаец, почнал да бега стрелајќи кон полицајата, и ранил уште двајца полицајци, од кои едниот е во животна опсаност, како и и една минувачка. Сепак, другите полицајци од патролата успеале да го застрелаат напаѓачот.

Нападот на Шанзелизе чија цел биле силите на редот се случил во време додека траела последната телевизиска дебата на единаестте канидати за претседател во пресрет на неделните избори. Повеќето од кандиатите, вклучително и четворицата главни фаворити ги откажаа денешните предизборни собири.

Само пред два дена во Марсеј беа уапсени две лица кои подготвуавле напад во текот на предизборната кампања. Француските власти повикаа на исклучителна внимателност во следните два дена кога ќе се избира новиот претседател на државата. 

Веста е прочитана 2872 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.