Вести Свет Топ вести

Нова рунда преговори меѓу Белград и Приштина денеска во Брисел – На маса европскиот предлог за Косово

Дијалогот меѓу Белград и Приштина на високо ниво, под покровителство на Европската унија, продолжува денеска во Брисел. Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Јосеп Борел, со поддршка на специјалниот претставник Мирослав Лајчак, со почеток во 15 часот ќе оствари одвоени средби со Александар Вучиќ и Аљбин Курти, по што ќе следи заедничка средба.

Тема на средбата е предлогот на ЕУ за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина. Целта е двете страни јасно да го прифатат европскиот предлог.

Во пресрет на дијалогот, францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и италијанскиот премиер Џорџо Мелони испратија писма кои стигнаа до Претседателството на Србија, а потоа и до Приштина. САД очекуваат и конструктивен пристап од Вучиќ и Курти во однос на европскиот предлог, соопшти Стејт департментот.

Во разговор со претседателот на Србија, специјалниот советник на Стејт департментот, Дерек Шол, ја поздрави „постојаната посветеност на Србија за конструктивен ангажман“ и рече дека треба да се спроведат претходно потпишаните договори, кои вклучуваат и формирање на Заедница на српски општини.

Француско-германскиот, односно европскиот предлог е нова преговарачка рамка во која Белград и Приштина треба да најдат решение за козметичкото прашање, најави претходно претседателот Вучиќ и потврди дека бара Белград да го прифати членството на Приштина во Обединетите нации.

Планот, кој јавноста не е целосно запознаен, содржи 10 точки.

Најтешкиот дел е точката 4 во која се вели дека Србија нема да се спротивстави на членството на Косово во ниту една меѓународна организација, изјави Вучиќ на седницата на Националното собрание на која се расправаше за Косово и Метохија, но рече дека не е за Приштина во ОН и дека никогаш нема да ја признаат самопрогласената независност на Косово.

Последен пат Вучиќ и Курти се сретнаа во Брисел во ноември. Оттогаш, во тек се подготовките за нова средба, на која европски и американски претставници неколкупати ги посетија Белград и Приштина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тодоров: СДСМ покажаа епохална неспособност за нормално функционирање на државата

Дејан Дејан

ОДИХР со позитивна оценка за изборниот процес сепак имаат забелешки за негативната кампања

Дејан Дејан

ДИК: Нема да има прегласување на трите гласачки места во Куманово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе