Новиот Хари Потер веќе урива рекорди

27 July, 2016 - 11:05

Новата книга на Џоана Кетлин Роулинг „Хари Потер и опседнато дете“ и покрај тоа што ќе се најде во рацете на читателите на 31 јули, веќе е книга со најголема продажба во САД, објави американскиот издавач „Барнс енд Ноубл“.

Новите авантури на Хари Потер, кои се случуваат девет години по доживувањата од последната книга за необичното момче, не е класична приказна, туку сценарио за претстава за младиот волшебник, чија премиера ќе биде на 30 јули во Лондон.

Според замислата на авторот, претставата се случува 19 години по она што се случи во книгата „Хари Потер и реликвиите на смртта“. Потер сега работи во Министерството за магии, има три деца и се бори со своето минато.

Роулинг сепак одлучи да објави книга за сите оние кои не ќе бидат во можност да ја видат претставата во Лондон.

Билетите за театарската претстава се распродадену до мај 2017 година, а најавена е и екранизација на книгата, која публиката ќе може да ја види на филмското платно од следниот ноември, а следи и отворање на тематскиот парк на Хари Потер во студиото „Јуниврзал“ во Лос Анџелес.

Интернет сајтот Амазон соопшти дека предпродажбата на книгата и на нејзината електронска верзија е со досега незапаметен обем во САД.

Седмата книга со доживувањата на волшебникот од Хогворт досега е продадена во повеќе од 450 милиони примероци ширум светот и е преведени на 79 јазици.

Оваа фантастична филмска франшиза досега заработи седум милијарди долари. 

 

Веста е прочитана 397 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.