Обвинувања за лошата состојба во енергетскиот систем

18 September, 2017 - 17:10

Постојат многу фактори зошто македонија во моментов не може да ја произведе потребната струја, велат експертите.Како најосновни два ги посочуваат екстремно сувата година но и состојбата во која се наогаат производствените капацитети.  

„ТЕЦ Осломеј покрај застареноста на технологијата има недостиг од јаглен, зошто капацитетот на рудникот е исцрпен. За трите блока во Битола потребно е да се обезбеди јаглен за зимскиот период со одреден квалитет за да се постигне расположивата моќност, а секако дека е потребна и нивна кондициона способност за периодот на висока побарувачка на конзумот.  Заради сите овие состојби со намалено производство на хидроенергија, лимитирано производство како кај нас, така и во Европа, цената на увезената струја ќе биде висока“, Андон Чаушевски универзитетски професор

Поранешниот директор на ЕЛЕМ Христијан Мицковски тврди дека ЕЛЕМ секогаш ги задоволувал потребите на тарифните потрошувачи а  ремонтите на енергетските капацитети се правеле според планираната динамика.Зад вчерашните бројки кои покажуваат досега  најниско ниво на произведена енергија кои ги изнесе директорот на ЕЛЕМ МИновски, Мицковски препознава алиби за увоз на струјаа нереализираните тендери вели дополнително ќе ја проблематизираат грејната сезона

„Без обезбедени траснпортни траки, без јаглен на депонијата, лошо ниво на хидроакумулациите, поништен тендер за откривка на јаглен, лесно може да се случи увоз на струја и тоа по цена 50-70 % повисока  а тоа ќе се одрази на граганиет“, вели Христијан МИцковски поранешен дир на ЕЛЕМ.

Првиот човек на ЕЛЕМ Драган Миновски одговорнсота за лошата состојба во енергетскиот секотр ја лоцираше во претходното раководство кое не правело навремените  ремонти и вршело несоодветната ревитализација на капацитетите.

„Претходното раководство во 2016 направило тоа што било најлесно за да произведе електрична енергија. Ги впрегнало хидроцентралите до крајна мерка. Поради тоа лошо менаџирано празнење и поради недоволните дотеци на почетокот на оваа година, во моментов сите акумулации се толку исцрпени и потрошени, што нивото на водата во нив е спуштено под нивото потребно за безбедно и стабилно управување со системот“, вели Драган Миновескки генер.дир ан АД ЕЛЕМ.

 И покрај лошата состојба, Миновски уверува дека се прават максимални напори да се зголеми  производство и да се избегне или минимизира потребата од увоз на струја до крајот на 2017.Според него ремонтите на блоковите 1,2 и 3 од РЕК Битола ќе завршат до крајот на месецов односно во октормви со што ќе има доволно електрична енергија за зимскиот период.

Виолета З Стојановска

Веста е прочитана 542 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.