Општините од истокот се со празни сметки

18 November, 2017 - 15:53

Пет општини од истокот работат со блокирана сметки. Најкритично е во трите општини на крајниот исток Делчево, Берово и Пехчево, каде што нема развој, поради испразнетите општински каси, лошата патна инфраструктура, иселувањето на младите, а индустриските зони останаа празни ливади. Рекордер со долг од четири милиони евра е Делчево.

Градоначалниците појаснуваат дека станува збор за долгови, чија основица е многу помала, но каматата е многу повисока, поради судските процеси кои без потребно се влечеле и по 15 години. Новиот градоначалник на Кочани откако ги направи финансиските анализи, општината ја прогласи за неликвидна.

Новите градоначалници решeнијата  ги гледаат во штедењето, но и во поддршката од државата.

Поради празните општински каси неколку општини, меѓу кои и Штип како најголема во регионот  се соочија и со проблемите како навреме да ги исплатат платите на вработените во администрацијата и јавните претпријатија.

Викторија Јованова

Веста е прочитана 2723 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.