Органските производители се жалат на недостиг од суровини

21 October, 2017 - 15:47

Домашните преработувачи се принудени да увезуваат суровини за производство на органска храна, бидејќи на домашниот пазар нема доволно понуда. Не задоволуваат ниту количините што се произведуваат, за што веќе се воспоставуваат контакти со органските производители, со цел долгорочна соработка.

Соработката меѓу производителите и преработувачите е клучна според Федерацијата на органски производители, бидејќи на тој начин производителите ќе имаат сигурен пласман и ќе ги избегнат трошоците за транспорт, што дополнителни им ги зголемува трошоците.

Бројот на органски производители во државата расте. Според Министерството за земјоделство лани имало регистрирано околу 500 органски производители.

Сузана Мицева

Веста е прочитана 634 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.