Осум награди за Бијонсе на МТВ Видео музичките награди

29 August, 2016 - 10:45

Американската пејачка Бионсе освои осум нМТВ награди, вклучувајќи ја и наградата за видео на годината, со што, според американските медиуми, ја потврди доминацијата на музичката сцена.

На доделувањето на МТВ видео музичките награди во Медисон Сквер Гарден во Њујорк, Бионсе одржа мини-концерт изведувајќи пет песни од својот најнов албум „Limonade".

Таа ја доби наградата за видео на годината за песната „Formation", која се смета за нејзина политички најангажирана песна и во која таа ја изразува својата солидарност со движењето „Black Lives Mater“ (Животите на црнците се важни)

Меѓу добитниците на наградите се и Ријана и Калвин Харис. 

Веста е прочитана 411 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.