Откако СЈО го посети Ташко Јованов негира дека е донатор на спомениците

2 November, 2017 - 13:54

Донаторот на осум споменици во Скопје всушност не бил донатор. Бар така тврди претседателот на здружението за духовно обединување на Сетинци Попадинци и Крушоради кое во 2015 се појави како донатор на спомениците.

Откако пред два дена СЈО го повика претседателот на здружението Ташко Јованов да сведочи, тој после повеќе од две години од поставувањето на спомениците реши да зборува и пред камера.

Убедува дека пари во здружението немало и никогаш не легнале на негова сметка. Луѓе од дијаспората директно ги пуштале парите и на авторите на спомениците и на изработувачите,ама не ги открива кои се тие луѓе.

Реагира и на тврдењето на новиот министер без ресор дека здружението постоело само неколку години. За просториите кои владата им ги дала во Скопјанка тврди дека воопшто не знаел, додека пак државното Ауди А4 се уште го вози.

Билјана Николовска

Веста е прочитана 8121 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.