Отштета од 90.000 евра поради несакана бременост

11 July, 2016 - 11:05

Гинеколог од Минхен на една брачна двојка ќе мора да им исплати отштета од 90.000 евра, поради тоа што жената забременила и родила близнаци, а тие тоа не го сакале.

Извори наведуваат дека сопружниците веќе имале две деца, пристојна плата и стан на поткровје, но не сакале повеќе деца. Жената отишла кај гинекологот и тој и предложил вградување спирала која ги отпушта хормоните. Го прифатиле тоа и зафатот е извршен.

Сепак, неколку месеци подоцна, откако жената почувствувала мачнини, повторно го посетила гинекологот, а тој ја известил дека не само што е бремена, туку носи близнаци.

Абортусот и давањето на децата на посвојување, како опции веднаш се отфрлени, и родителите со радост ја дочекале веста за приновата. Сепак, тие решиле да го тужат гинекологот, тврдејќи дека близнците не се вклопуваат во нивните животни планови, поради финансиите и други фактори.

Вештите лица во текот на судскиот процес утврдиле дека грешката не е во „спиралата“, па следствено, вината е во докторот, и така тој мора да го плати надоместокот.

 

Веста е прочитана 294 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.