Панчевски: Не сум го злоупотребил АКМИС, јас сум последниот бастион на правдата

18 October, 2017 - 21:46

Поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, вечерва во Топ Тема на Ваша страна ги отфрли обвинувања дека било кога го злоупотребил АКМИС системот за распределување на предметите на судиите, но и изјави дека иако имал овластувања како претседател на Судот на рака да распределил предмет на судија, тоа никогаш не го сторил.

„Јас никогаш рачно не сум распределил предмет на судија“, изјави Панчевски. Панчевски притоа изјави дека никогаш врз него немало политички птисоци и оти не познава ниту еден политичар. Панчевски ги отфрли и тврдењата дека влијаел врз судиите да определуваат мерка притвор додека бил претседател на Кривичен, а за наводите дека прераспределил одредени судии за да не работата на предмети на СЈО, изјави:  „Не е точно дека некои судии се тргнати намерно за да не работата на предмети на СЈО. Судиите приговараа на прераспределувањето затоа дека им беше нарушена лагодноста и само да седат и да земаат плата“.

Панчевски во Топ Тема на Ваша страна негираше дека го познава претседателот на државата или некој од неговиот Кабинет и дека не им доставил информации за предметите и за лицата кои потоа беа опфатени со аболицијата од страна на Иванов, но и дека не изнесувал информации од Судот за ниту еден друг случај. Панчевски исто изјави: „Не сум имал увид во книгата за ПИМ мерки“.

Тој притоа на прашањето дали се препознава во Извештајот на Прибе во делот на заробената држава каде се зборува за судството, рече дека тој бил претседател на  Основниот суд Скопје 1 кога е објавен првиот Извештај на Прибе, додека за вториот Извештај рече дека е нарачан за да се расчисти со судството.  

Панчевски себе си и Кривичен суд се смета за последните бастиони на правдата во земјава.

Тој во Топ Тема на Ваша страна изјави дека нема да го користи имунетот како судија.

„Во ниедна постапка нема да го користам судскиот имунитет, чист сум“, изјави Панчевски.

Веста е прочитана 2380 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.