Педро Алмодовар: Никогаш нема да престанам да снимам филмови

10 May, 2016 - 11:27

Шпанскиот режисер Педро Алмодовар чиј филм „Џулиета“ e во трката за Златна Палма на Канскиот fестивал кој почнува утре, изјави дека може да живее без награда на фестивалот Златна палма, но не и без снимање филмови.

- Ние режисерите можеме да живееме без Златна Палма, рече познатиот синеаст (66) на еден форум во Париз, јавија денеска француските медиуми и додаде дека чувствува потреба за снимање на филмови, пренесува „Блиц“.

- Јас сум зависник и од тој вид на зависност никогаш нема да се откажам, додаде шпанскиот режисер.

Опишувајќи го својот последен филм, Алмодовар рече дека повторно се свртел кон „истражување на душата на жената“.

- Отсекогаш бев опкружен со жени. Жените се ведри, повеќе работат и секогаш зборуваат. Тие го зацврстија мојот карактер, рече режисерот и додаде дека има поголема инспирација во истражување на мајчинството отколку татковството во своите филмови.

Филмот „Џулиет“ е 20.филмско остварување на Педро Алмодовар кој се прослави со филмовите „Високи потпетици“, „Се за мојата мајка“, „Лошо образование“ како и „Зборувај со неа“ за кој доби Оскар за најдобро оригинално сценарио. 

 

Веста е прочитана 345 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.