Писателот треба се спротивстави на исполитизираност на книжевноста

4 June, 2017 - 15:54

Во време во кое културата и уметноста се речиси на маргините, многумина писатели се одлучија да попуштат на притисоците, да ја исполитизираат и вулгаризираат својата дејност, во целост напуштајќи ги книжевно-уметничките вредности, вели истакнатиот српски писател Владимир Пиштало. 

-Јас мислам писателот кој е достоен на своето име треба да се спротивстави на таа политизација. Затоа што политизацијата ви дава некои теми кои воопшто не се ваши, кои се општи и кои може кој било да ги обработува. Tемите ги бираат писателите, а не писателот нив. И она што е најдобро да се држите до сопствените теми и со тоа на некој начин придонесувате и кон општеството, изјави писателот Владимир Пиштало.

Се разбира јас како граѓанин имам свои политички ставови, вели Пиштало кој веќе деветнаесет години живее во Америка каде предава светска и американска историја на Универзитетот Вустер. Во почетокот на деведесетите во поранешна Југославија можевме да чуеме политички ставови и говор на омраза кои пристоен човек не би ги изговорил, но денес тие гласно се искажуваат во држави за кои бев убеден дека расчистиле со сите застрашувачки нешта кои тој говор ги предизвикува, додава тој.

-Едноставно некои нешта не се изговараат во името на Бога. А, потоа во САД претседателот Трамп кажа некои нешта кои јас не би ги преживеал да ги кажев и веднаш би ја изгубил работата. Кога во Франција имате ситуација во која, вистина, фала му на Бога, не победи Марин Ле Пен, но беше навистина силен кандидат и кога во источна Европа имате различни земји кои се движат по тој пат, ние зборуваме за едно „влечење кон десно“ на целиот континент, па и светот на некој начин.

За своето книжевно творештво добитник е на бројни награди и признанија, меѓу кои се вбројува и НИН-овата награда за неговиот роман „Тесла, портрет меѓу маски“. 

Нина Стефанова

Веста е прочитана 1571 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.