Почина актерот Бад Спенсер

28 June, 2016 - 09:21

Ѕвездата на италијанските „шпагети вестерн“ филмови Бад Спенсер, чие вистинско име беше Карло Педерсоли, почина синоќа во Рим на 86-годишна возраст.

Информацијата за смртта ја соопшти неговиот син Џезепе.

Последен поздрав до актерот упати и италијанскиот премиер Матео Ренци.

– Збогум Бад Спенсер. Многумина од нас те сакаа, напиша Ренци на Твитер

Веста е прочитана 494 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.