Почина актерот и режисер Гери Маршал

20 July, 2016 - 11:45

Познатиот американски актер, режисер и сценарист Гери Маршал, почина синоќа на 81-годишна возраст, како последица на компликации предизвикани од пневмонија, јавија американските медиуми.

Маршал, кој меѓу другото е творец и на романтичните филмови „Убава жена“, „Невстата бегалка“ и „Дневникот на принцезата“, многумина го сметаат за еден од основачите на американката телевизиска комедија.

Тој е роден на 13 ноември 1934 година, а по себе ги остави сопругата Барбара, со која беше во брак од 1963 година, како и син и две ќерки, кои, исто така, се актери и режисери.

Од него преку социјалните мрежи се простија многу актери со кои работел, меѓу кои и Софија Вергара, Џесика Алба и Зек Браф. 

 

Веста е прочитана 373 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.