Почина Мајкл Чимино, режисерот на „Ловец на елени“

3 July, 2016 - 16:51

Режисерот на американскиот филм „Ловец на елени“ награден со Оскар, Мајкл Чимино почина во 77-та година од животот.

За смртта на Чимино симоќа прв информираше директорот на Филмскиот фестивал во Кан Тјери Фремо, а потоа и „Њујорк Тајмс“, кој се повика на пријателот на режисерот и поранешен адвокат Ерик Вајсман.

Причината за смртта не се наведува, а Вајсман информира дека телото на Чимино во неговиот дом во Лос Анџелес го пронашле пријатели, кои претходно се обидувале да го добијат на телефон.

Филмот „Ловец на елени“ од 1978 доби пет Оскари, вклучувајќи и за најдобар филм, а меѓу другите во него играа и Роберт де Ниро и Кристофер Вокен.

Веста е прочитана 341 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.