Почина Вања Лазарова

13 March, 2017 - 09:39

Пејачката и доајенка на македонската етно музика, Вања Лазарова – Димитрова, почина денес на 86-годишна возраст во Скопје. Лазарова е родена на 27 април 1930 во с. Страцин, Кратовско. Работела во Операта во Македонскиот народен театар, а беше и членка на Државниот ансамбл на народни игри и песни „Танец“.

Лазарова во својата кариера има испеано стотина македонски изворни народни песни, а ќе остане запаметена и како единствениот македонски артист кој настапувал пред британската кралица Елизабета II и тогашниот премиер, Винстон Черчил. Меѓу најпознатите песни препеани од Вања Лазарова, се „Со маки сум се родила“, „Параходот замина“, „Легнала Ѓурѓа на рамно гумно“ и други.

Во поблиското минато, Лазарова го промени стилот на музика, преку соработките со групата Анастасија и диџејот Кирил Џајковски. Преработи во современ звук традиционални македонски песни, во албумот „Ритмистика“. За нејзиниот живот и творештво е снимен и документарецот „Вања: Со маки сум се родила“, во режија на Синиша Евтимов.

Веста е прочитана 1202 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.