Поднесенo барање за стечај на ФЕНИ

30 October, 2017 - 16:56

Трите банки, најголеми доверители на ФЕНИ до надлежниот суд во Велес поднесоа предлог за реструктуирање и реорганизација на ФЕНИ со отворање на стечајна постапка.

Според Комерцијална Банка АД Скопје, Стопанска банка АД Скопје и Силк роад АД Скопје, на коишто ФЕНИ им должи околу 40 милиони евра, велат дека отварањето на стечајна постака е со цел во најкраток можен рок да се најде сериозен инвеститор, кој ќе ги преземе и сервисира обврските на ФЕНИ кон вработените и сите доверители, и со дополнително инвестирање да овозможи овој комбинат да продолжи со работа.

На денешната средба помеѓу претставниците на трите банки и владата, со новинарите беше објаснето дека компанијата Енекод, за која беше објавено дека е новиот сопственик на ФЕНИ, не ги исполнила преземените обврски кон вработените, ниту кон банките, заостанатаа плата на осумстотината врабитени во петокот била исплатена со заем од друга компанија.

Виолета З. Стојановска

Веста е прочитана 1410 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.