Покемонманијата го зафати и Хомер Симпсон

20 July, 2016 - 11:48

 „Покемонманијата“ не запира, а оние кои успеваат да одолеат на искушението, со секој изминат ден се се помалку.

Студиото „Фокс“, кое ја создаде култната анимирана ТВ серија „Симпсонови“, реши да го искористи овој глобалне феномен и да привлече уште поголема гледаност.

„Фокс“ објавија кратко видео во кое Хомер Симпсон се вклучува во потрагата по Покемони. Видеото трае околу една минута, но судејќи по општата хистерија, овој тренд ќе потрае барем до на есен, за кога е најавена новата сезона од „Симпсонови“, па дотогаш сигурно уште многу ќе се занимаваме со целата оваа идеја.

Во меѓувреме, ни преостанува видеото во кое Хомер, за време на посета на зоолошка градина, заради „Покемонот“ ги запоставува своите родени деца, а сето тоа нема да помине неказнето.

Веста е прочитана 368 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.