Поништена одлука за давање простор на Здружението на Сетинци, Попадинци и Крушоради

1 November, 2017 - 13:32

Здружението на деца бегалци од Егејска Македонија „Тга за југ“ без дозвола си се регистрирало во државна канцеларија во Скопјанка. Деловниот простор со бр.51 кое е сопственост на станбеното претпријатие, во Централниот регистар го впишало како сопствена адерса.

Во меѓувреме Владата да стави на дневен ред одобрувањето за вселување ама не го изгласа. Сега Министерот за дијаспора Едмонд Адеми потврдува дека се работи за истиот деловен простор во Скопјанка ама не гледа ништо спорно во ова. Го правда со тоа што до сега овој простор бил на здружението за обединување на егејците од Сетинци – Папрадинци и Крушоради ама не го користело. За него добро е што просторот му е одземен на контроверзното здружение донатор на споменици низ Скопје.

Веста е прочитана 1735 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.