Поради перцепцијата за судир на интереси ЕДС побара спогодбено раскинување на договорот со МЕПСО

5 October, 2017 - 12:37

Енерџи Деливери Солушнс побара спогодбено раскинување на договорот со АД МЕПСО за испорака на електрична енергија за покривање на загубите во електропреносниот систем на Република Македонија потпишан во декември 2016 година. 

Во барањето доставено од компанијата до АД МЕПСО стои дека причина за ова барање е избегнување на секаков можен сомнеж за судир на интерес по назначувањето на сопственикот на компанијата, Кочо Анѓушев, за вицепремиер задолжен за економски прашања. 

„Поради перцепцијата во јавноста дека функцијата Заменик претседател на Владата на Република Македонија и позицијата доминантен сопственик во компанијата која испорачува, односно продава електрична енергија на Акционерско друштво во државна сопственост како што е АД МЕПСО претставува судир на интерес, бараме Договорот да биде спогодбено раскинат и ЕДС ДОО Скопје да биде ослободен за испорака на електрична енергија за месец ноември 2017 година”, стои во барањето на компанијата доставено до МЕПСО.

Веста е прочитана 545 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.