Јасни пораки од Брисел

21 July, 2015 - 16:14

 Соглед на календарот на задачи што треба да ги реализираме во наредниот период, неопходно е внимателно и интензивно следење на европските препораки. Експертската јавност заклучува дека вчерашните заклучоци од Брисел треба да дадат дополнителен ветер за реализација на договорот од Пржино и на извештајот на Прибе. Наша работа е да не ги извртуваме законите и да не бараме дупки во нив, велат од Институтот за европски политики.

 Задачите почнуваат од септември. Мора некои од клучните аспекти меѓу партиите веќе да бидат договорени, па и некои состаноци да бидат одржани, за разлика од вчера кога не се одржа, за да може да се разговара за специјален јавен обвинител. Доколку треба да биде назначен до 15 септември, веќе треба да има и имиња во оптек, изјави Симонида Кацарска од Институтот за европски политики.

  Кацарска очекува во септември во Собранието да биде донесен детален акциски план за неопходните мерки и активности. Планот на Владата, кого европските авторитети го сметаат само за нацрт, прво е непознат за јавноста, а второ, нема консензус.

  Мора да биде донесен со поголем консензус, тоа во заклучоците можеме да го навестиме. Мора да биде донесен во рамки на Собранието и со вклучување на мониторинг од граѓанското општество. Воедно беше најавена средба на Високиот дијалог за пристапување на  18 септември, кога веројатно ќе знаеме повеќе за самиот план, тоа е датум по терминот кога треба да биде назначен специјалниот јавен обвинител но контурите на тој план ќе мора да се доутврдат во рамки на Собранието, вели Кацарска.

 Вклучувањето на министерот Мирослав Лајчак како ко-претседавач, во името на високиот пратеник за надворешна политика на Еу, Могерини, за аналитичарите е знак дека комесарот Хан добива засилување.

Можеме да очекуваме поголемо вклучување на Европскиот совет во решавањето на кризата во РМ. Тоа може да значи поголема интервенција од страна на Советот како тело на ЕУ за да се прати политичка порака, но исто така е резултат во голема мера на немилите настани од Куманово бидејќи Советот се вклучува кога постојат безбедносни сегменти во земјите за кои се говори, рече Кацарска.

По 12-от Совет за стабилизација и асоцијација, комесарот Хан уште еднаш побара политичките фактори во Македонијадобра волја, брза имплементација и придржување до договорите од 2 јуни и 15 јули.

Соња Николовска

Веста е прочитана 303 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.