Поранешна Мис на Турција осудена за „навреда“ на Ердоган

2 June, 2016 - 14:22

Поранешната убавица на Турција, Мерве Бујуксарач (27) е осудена на 14 месеци затвор-условно поради „навреда“ на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Судот ја осуди Бујуксарач затоа што во објава на социјалните мрежи „навредила државен функционер“.

Таа ги отфрла обвинувањата, а нејзините адвокати најавија жалба до повисокиот суд, но доколку ништо не се измени, Бујуксарач ќе ја издржи затворската казна доколку го повтори „кривилното дело“ во следните пет години.

Адвокатите и организациите за заштита на човекови права ја искористија пресудата на поранешаната турска убавица за да ги обвинат власта и Ердоган за „задушување и казнување на слободата на говорот“.

Мерве Бујуксарач беше избрана за најубава девојка во Турција во 2006 година.

Во 2015 година таа беше кусо време во затвор под обвинение за подршката што ја дала на една сатирична поема на нејзиниот профил на Инстаграм.

Сатиричната поема всусшност е адаптација на турската химна за судовите во Турција, беше прогласена за навреда на Ердоган уште од времето кога тој беше премиер, па сите што ја пренесуваа на интерент се соочува со можноста да бидат уапсени и осудени.

Околу две илјади лица, вклучувајќи и познати јавни личности, се осудени за „навреда“ на претседателот Ердоган, откако тој се наоѓа на таа функција во 2014 година.

Законот врз кој им се суди на луѓето не е нов, но пред Ердоган да стане премиер, а сега претседател, тој беше исклучително ретко применуван.

 

Веста е прочитана 324 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.