Последна недела за забелешки за новиот закон за медиуми

20 November, 2017 - 16:21

Владата не смее да биде моторот на медиумските реформи. Таа улога треба да ја преземе фелата, порача министерот за информатично општество и админисрација Дамјан Манчевски, акцентирајќи ја потребата од услогласување на ставовите пред носењето на Законот за медиуми. Вели, неоходни се квалитетни, а не избрзани решенија за регулирање на медумската сфера.

Министерот без ресор Роберт Поповски се согласува дека не треба да се брза со носењето на законот, но вели не смее предлого оваа сфера да остане нерегулирана.

Акцентот беше ставен и на реформирање на јавниот сервис и неговото финансирање. Здружението на новинари бара финансирањето да биде со еден отсто од буџетот, а не 0,7 као што стои во предлог-законот. Радијата пак излегоа со барање процентот на застапаност на македонската музика да влијае на намалување на цената што ја плаќаат за лиценцата за работа, а забелешките на Македонската медиумска асоцијација се во насока на заштита на авторските права на производството на програма.

Дебата околу законот за медиуми трае подолг период, а простор за забелешки има уште една недела. Откако ќе заврши периодот за забелешки предлозите ќе бидат испратени до ОБСЕ и ЕК. Откако ќе дадат мислење, текстот ќе влезе во процедура. На ова реформа во чија подготовка се вклучени сите засегнати страни, инсистира и експертската група на Пирбе. Но, претходната владејачка гарнитура одбиваше решенија за регулација на медиумскиот пазар.

Весна Јовановска - Дојчиновска

Веста е прочитана 412 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.