Постапка против сопственикот на бродот кој потона во Студенчишта

20 November, 2017 - 16:28

Против сопственикот на бродот „Мис Стон“ од кој вчера се излеа дизел гориво при потонувањето во каналот Студенчишта, ќе биде покрената соодветна постапка најави Капетанијата на пристаништата во Охрид.

Роднина на сопственикот на  „Мис Стон“ тврди дека еколошкиот инцидент во каналот Студенчишта во кој се влеваат познатите Билјанините извори, е предизвикан од нестручно поместување на бродот од страна на непознат сторител, при што тој бил оштетен, за што ќе биде покрената соодветна постапка за утврдување одговорност.

Екипи на јавните препријатија и локалната самоуправа се обидуваат да го извлечат на суво бродот „Мис Стон“, по што ваква постапка ќе следи за уште шест стари пловни објекти во каналот Студенчишта кои претставуваат потенцијална опасност по животната средина.

Од Капетанијата на пристаништата информираат дека во каналот истекла мала количина на гориво, не повеќе од 30 литри. Додаваат дека со употреба на специјални средства за разградување е отстранета опасноста од натамошно загадување на каналот Студенчишта, кој е зимувалиште на плашицата и друг жив свет од Охридското Езеро.

Горан Момироски

Веста е прочитана 1306 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.