Пожар на градежниот факултет во Скопје

9 November, 2017 - 10:18

Избувна пожар претпладнево во зградата на Градежниот факултет во Скопје. Единици на територијалната противпожарна единици на Град Скопје се уште го гаснат пожарот.

Според командатот на територијалната противпожарна единица на Град Скопје Ѕвонко Томевски, огнот зафатил три простории на вториот кат од Градежниот факултет, каде всушност се наоѓаат кабинетите на професорите. Засега нема информации за тоа дали внатре имало некој кога избувнал пожарот.

Не се знаат ниту причините за избувнување на пожарот.

Граѓаните кои ги сретна екипата на Телма велат дека против пожарните возила тешко се пробивале низ околните улици поради гужвата од возила.

Пред малку таму пристигна и градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.

Веста е прочитана 2165 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.