Предлогот за разрешување на Зврлевски испратен до Собрание

19 June, 2017 - 13:36

Предлогот на Владата за разрешување на обвинителот Марко Зврлевски денеска е потпишан од генералниот секретар Драги Рашковски и испратен до Собранието. 

Минатата  недела Советот на јавни обвинители со мнозинство гласови, осум наспрема еден, го прифати владиниот предлог за разрешување на Зврлевски. Се очекува Собранието да закаже седница на која ќе се разгледува предлог одлуката за разрешување на Јавниот обвинител.

Според Законот, Зврлевски има право да присуствува на седницата на која пратениците ќе расправаат за разрешувањето и да се произнесе по овој предлог.

За негово разрешување потребно е да гласаат 61 пратеник. 

Веста е прочитана 1913 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.