Предлогот за разрешување на Зврлевски испратен до Собрание

19 June, 2017 - 16:27

Предлогот за разрешување на Зврлевски стигна во Собранието, сега спикерот Талат Џафери во рок од три дена ќе провери дали е комплетно по што треба да го подели предлогот до пратениците и да закаже седница за разрешување на која и државниот обвинител Зврлевски има право да каже свое мислење за предлогот.

Зврлевски засега молчи и неговите најави се дека во Собранието ќе каже што мисли за потегот на новата влада. Од ВМРО-ДПМНЕ брифираат дека смената на Зврлевски е затоа што во негово време е отворен случајот Поткуп за Заев и е показател за идно партизирање на правосудтсвото. За СДСМ пак состојбата е чиста, Зврлевски не си ја работел обвинителската работа и треба да замине.

И Беса и Алијансата за Албанците соопштија дека подржуваат смена на обвинителот затоа што според нив мора да има реформи во правниот систем.

Во петокот владата донесе предлог за разрешување на Зврлевски затоа што оцени дека  несовесно и незаконито ја извршувал функцијата и дека не е способен за извршување на функцијата откако не поднесувал барања за покренување кривична постапка за случаи предвидени со закон и со тоа го нарушил нарушил угледот на државниот обвинител .

Миомир Серафиновиќ

Веста е прочитана 1023 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.