Преговори за нови продолженија на серијата „Досиеја Икс“

11 August, 2016 - 10:55

Во тек се преговори со ѕвездите на серијата „Досиеја Икс“, Џулијан Андерсон и Дејвид Духовни и со нејизниот творец Крис Картер за снимање на нови продолженија на серијалот, соопшти продицентската куќата „Фокс“.

- Распоредите се густи, но многу се трудите и би сакале наскоро да се појави уште една сезона, изјави програмскиот директор на „Фокс“, Дејвид Мејден.

Оваа година беа емитува нови шест епизоди, а секоја, според податоците на „Фокс“, имаше по околу 16 милиони гледачи.

Во врска со реакциите на гледачите, Мејден рече дека иако имало и негативните критики, на социјалните мрежи доминирале оние позитивните.

- Завршивме голема работа во текот на оваа сезона и очекуваме дека идната ќе биде уште подобра, рече Мајден. 

 

Веста е прочитана 407 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.