Пресуда за „Диво насеље“, сообраќајот пренасочен

2 November, 2017 - 10:19

Во Кривичниот суд секој момент треба да почне рочиштето за настаните во кумановстака населба Диво Насеље, на кое треба да биде донесена пресудата. Обвинителството побара доживотен затвор за сите 37 обвинети за тероризам и терористичка организација. Адвокатите на обвинетите, пак, бараат ослободителни пресуди, бидејќи според нив има недостаток на докази за стореното кривично дело.

На 9 и на 10 мај 2015 година, во кумановската Дива населба вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и од посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група. 

Поради закажаното судско рочиште полицијата ги зголеми безбедносните мерки, а сообраќајот околу судот е пренасочен.

Веста е прочитана 341 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.