Пресуда за„Tврдина2“ во среда

6 November, 2017 - 12:38

Најстрога казна за првообвинетиот Горан Грујовски побара СЈО на денешниот завршен збор за предметот „Тврдина 2“ во Кривичниот суд. Одбраната на Грујевски, пак, бара ослободителна пресуда, бидејќи, според, нив, во овој случај обвинетите се гонат кривично иако според адвокатите во нивното дело нема елементи на фалсификување.

По денешните завршни зборови, судот во среда ќе ја изрече пресудата за „Тврдина 2“.

Првообвинетиот Грујевски е во екстрадициски притвор во Грција заедно со неговиот поранешен колега од УБК Никола Бошкоски, кој во „Тврдина 2“ требаше да се појави како сведок. Двајцата минатиот месец беа уапсени со лажни пасоши на аеродромот во Солун при обид да заминат од таму. Во тек е постапка за нивно екстрадирање.

Предметот „Тврдина 2“ се однесува на уништување на служебна документација поврзана со незаконското прислушување.

Специјалната обвинителка пред судот оцени дека преку уништувањето е вршен обид за попречување на истрагата за нелегално прислушување. Петте обвинети вработени службенички во УБК тврдеа дека постапувале по наредба на претпоставен, во случајот Горан Грујевски и не смееле да одбијат за да не бидат отпуштени.

Веста е прочитана 2029 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.