Пресуди за „Диво насеље“: Седум доживотни казни затвор, за 13 обвинети - 40 години затвор, четворица ослободени

2 November, 2017 - 13:59

Анди Красниќи, Дем Шеху, Фадиљ Фејзулазху Арсим Зекири, Валдет ЏЗЗекај, Бег Бајрам  Фејзула Рушитовски се седуммината обвинети за тероризам во Дива Населба за кои кривичниот суд пресуди доживотен затвор. Од 37 лица, 13 добија по 40 години затвор, 6-тмина по 20 години, а судот изрече и седум казни од 12 до 18 години. Четворица кои се гоанат за истите дела судот ги солободува, со образкложување дека јанвотот обвнителство не ја докажало нивната вина. На одлуката на кривичниот совет и претохдеше бурна расправа со обвиниетите.

Придружувани од стотина полицајци дел од обвнеитите во салата станаа, и ја запеаа албанската химна. На судиите им довикуваа дека ќе одговараат за овој монтиран случај, а на глас викаа дека тие не се терористи туку припадници на УЧК кои биле нападнати од полицијата на 9 мај 2015-та. Судијката побара да седнат, тие одбија, по што беа отстранети од судницата, а изрекувањето на пресудата ја слушаа само медиумите и адвокатите, кои пак се задоволни од ослободителните пресуди, а реагираат на одлуката да се досудат 20 високи затворски казни.

Ќе ја почекаат пресудата со комплетното образложување, ќе се жалат до Апелациониот суд, а очекуваат и Специјалното јавно обвинителство да го превземе овој случај за кој и министерот за внатрешни работи најави дека ќе обезбеди меѓународна, независна истрага.

Според судот, јасни биле доказите на обвинителството и одбраната од кои што заклучил недвосмислено како обвинетите во две групи на 1 и втори мај, влегле на илегален премин во земјава, биле пречекани од македонски државјани и сместени во кумановската населба, за потоа да ја нападнат полициската станица во Гошинце.

Судот ја имал целата слика за полициската рација во која овинетите за тероризам пукале во полицијата која загуби 8-мина припадници, па се до предавањето на двете групи. Но, на но што ја темелеле одлуката за да ги прогласат за виновни судот детално ќе објасни во писмената пресуда. Во рок од 60 дена. Судот пресуди, обвинетите солидарно да платат повеќе од 200 илјади евра за превоз, адовокати по службена должност и болничко лекување на државата за изминативе две години колку што траел процесот.

По две години последното рочиште во слата во врховнито суд го следаа и голем број роднини, а полициските специјалци кои имаа поставено огради и ги блокираа улицата кои водат до судот мораа да интервенираат откако маж на педестина година се обиде да го пробие кордот со експлозив на појасот.

Полицијата веднаш го уапси, а по утврденито увид, тој на појасот носел импровизирана направа од петарди поврзана со жици за да лици на бомба. Станува збор на 57-годишен жител на Арачиново. 

Павле Беловски

Веста е прочитана 4447 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.