Причина за смртта на родилката Кировска заглавена во судските лавиринти

5 November, 2017 - 19:37

За да се остранат сите дилеми поврзани со двете вештачења направени за настапувањето на нејзината смрт, тетовскиот основен суд одлучи за целиот случај да се изврши супер вештачење. Ваквиот начин на вештачење на последното судско рочиште го побара Основното јавно обвинителство Тетово, со образложение дека во вештите наоди и мислења на двајцата вештаци има нејаснотии. Обраната пак сметаше дека нема потреба од дополнителни вештачења, кои не се контрадиктопрни ниту спротивни, туку се надополнуваат едни со други. Првиот вештак во својот извештај, кој го прочита пред присутните во судот, образложи дека медицински персонал направил се за да го спаси животот на родилката. Но во неговиот наод стојат неколку пропусти во водењето на медицинската документација за родилката Кировска       

-Недостига лабараториски наод, крвна слика,недостига описот од потешкотиите за вадење на постелката. Не ја знаеме почетната крвна слика на пациентката, и затоа не можеме да знаеме колкава била загубата на крв за време на царскиот рез, вели првиот вештак.

Но и покрај ваквите наоди, првиот вештак на прашање на јавното обвинителство одговорил дека пропустите кои ги нотирал немале конкретно влијание по сега покојната Кировска. За разлика од првиот вториот вештак, пред судот рече дека неговото вештање нотирало одговорност за случајот Кировска кај целиот медицински персонал од матичниот лекар се до началникот на гинеколошкото одделение при Клиничката болница во Тетово.

- Одговорност има кај матичниот лекар на Кировска, кој пациентката за време на нејзината бременост требал да ја прати на специјалист, затоа што пациентката имала лузна на матката а матичниот гинеколог ја водел како нормална бременост. Друга грешка е што Кировска е примена и ставена на стол, без претходно да и се направи крвна слика. Не знаеме дали била или не биле анемична. Втората операција не е добро направена. Тие во втората операција и ја извадиле пола матка, а знаеме дека ако сакаме да запреме крварење треба да го извадиме целиот орган, рече вториот вештак на последното судско рочиште.  

Основното јавно обвинителство Тетово има поднесено обвинителн акт против гинекологот Казимир Копривњак. Во него стои дека докторот вечерта кога ја примил Кировска постапил несовесно. Тој започнал царкси рез, без претходно да обезбеди количини крв. По настанато крварење на пациентката не извршил веднаш медицинска интервенција, со која можел да го спречи настанувањето на хеморагичниот шок од кој настапила смртта, туку интервенцијата ја извршил со задоцнување, стои во обвинителниот акт.

Кировска по извршените две операции во Клиничката болница во Тетово е пратена на КАРИЛ во во Скопје, каде за неколку дена почина. 33 годишната родилка од Тетово го изгуби и нејзиното бебе.    

 

Зоран Димовски

 

Веста е прочитана 1044 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.