Принц починал заради предозираност со опијати

2 June, 2016 - 21:26

Славниот американски музичар Принц починал од предозираност со опијати, пренесува агенцијата Асосијејтед Прес.

Официјален претставник на полицијата, за АП изјавил дека ова било утврдено со помош на патолошките испитувања извршени по смртта на Принц во Април во Минеаполис.

Детективите го распрашувале и докторот кој два пати се сретнал со 57 годишниот пејач во неделите пред неговата смрт.

Во куќата на Принц биле пронајдени и аналгетици кои му биле издадени со лекарски рецепт, пренесоа американските медиуми.

Според овие информации, докторот Мајкл Шуленберг му ги препишал лековите на Принц на 20-ти Април, еден ден пред неговата смрт. Сепак, засега нема информации за кој лек станува збор ниту пак дали пејачот го користел препишаниот аналгетик.

По извршената обдукција на посмртните останки на Принц, форензичарите од Минеаполис соопштија дека нема причини да се верува дека славниот пејач извршил самоубиство.

Веста е прочитана 318 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.