Пуџдемон бара два месеца за разговори со Мадрид

16 October, 2017 - 11:16

Каталонскиот лидер Карлес Пуџдемон не даде јасен одговор дали објавил независност на Каталонија, во писмо испратено до шпанскиот премиер Маријано Рахој.

Во него, тој бара два месеца одлагање на прогласувањето независност заради разговори со централната Влада на Шпанија. 

Пуџдемон, во писмото на четири страници, повикува на завршување на „репресијата над каталонскиот народ“ и на одржување состанок со шпанскиот премиер Рахој за да разговараат за состојбата во Каталонија и да постигнат договор. 

Тој наведува дека дијалогот би требало да се одвива во текот на наредните два месеца и притоа побара од шпанскиот премиер да ја стопира судската постапка против шефот на каталонската полиција.

- Нашата понуда за дијалог е искрена и покрај се што се случи, напиша Пуџдемон.     

Од друга страна, како што пишува весникот „Ел Паис“, шпанската Влада подготвува специјални одлуки, кои приоритетно ќе се занимаваат со контрола над каталонската специјална полиција Мосос и со финансиите.

Веста е прочитана 240 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.