Расте бројот на сиромашни вработени

15 September, 2017 - 16:10

Ахмед Шаќировски седум години работи во кожарска фирма, зема плата од 11 000 денари, прехранува седум члено семејство и живее во картонска куќа под Кале .Тој е само еден од 220 000 вработени кои според статистиките на Министерството за труд иако примаат плата , живеат на прагот на сиромаштијата. Состојбите се полоши велат учесниците на конференцијата насловена како Работа колку да не е без ич , бидејки недостигаат релевантни статистички податоци.

- Секогаш се збори за луѓе кои немаат леб да јадат но ние го шириме опсегот на тие што се сиромашни а работат, имаат ниски приходи, работат како хонорарци или со куси договори.Сите се во купот на граѓани што земаат плата далеку од просечната па и помала од 200 евра, рече Билјана Наумовска од Македонската платформа против сиромаштија.

Сиромаштијата кај вработените често води до задолженост  а уште повеќе до неквалитетен живот .За живот на едно четири члено семејство во август му биле потребни 32 316 денари од кои речиси една третина за храна.Оттука е и тешкиот избор, кои трошоци во тековниот месец се приоритени за луѓето кои живеат со една плата ,работат хонорарно, со договор на дело или пак на црно,социјално и здравствено  не осигурани. Со години нерешен е и проблемот со рурална сиромаштија која главо се однесува на жените.

- Жената е цел ден на поле и кога ќе остари нема право на пензија, вели Васка Мојсовска од федерацијата на фармери.

Проблемот може да се надмине со зголемување на минималната плата на 12 000 денари, со сузбивање на сивата економија но и со субвенции за домување , превоз и за образование.

- Бараме начин како луѓето што работат во неформалната економија а се сиромашни да станат видливи за државата. Да бидат сигурни дека ке дочекаат пензија а не да лебдат во системот рече министерката за труд Мила Царовска

Царовска најави закон за бездомници  и менување на системот за користење на социјални станови.Становите нема да се продаваат туку лицата што ќе ги користат, кога ќе се стекнат со поголема економска моќ,ќе ги остават на користење на  други сиромашни лица.

 

Виолета Зајкова Стојановска

Веста е прочитана 1209 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.