Разрешен директорот на штипската болница

17 July, 2017 - 16:22

Нехигиена, нерегуларности во работењето и неетичко однесување на вработени се причините за разрешување на директорот на штипската болница Александар Стојановски.

На директорската фотелја ќе седне неговиот колега Ален Ѓорѓиев. И двајцата доктори велат се уште не ги добиле решенијата од Министерството за здравство со кои едниот заминува, а другиот стапува на функцијата.

Штипската болница подолг период беше во фокусот на јавноста по лошите услови за пацинетите. Во зимскиот период тие со себе носеа греалки и сами ги затоплуваа собите во кои беа хоспитализирани.

Нов менаџер доби и Центарот за јавно здравје во Штип. На местото на Велик Грков доаѓа Марија Димитрова.

Во овој бран разрешувања влезе и Клиничката болница во Тетово. Таа остана без економски директор. Зоран Станковски е разрешен, а нов нема да биде именуван, бидејќи министерот Арбен Таравари најави укинување на оваа функција. Вчера Таравари потенцираше и дека за околу три недели и 80 од скопските клиники ќе добијат нови менаџери. Останатите за кои се покажало дека одговорно ја вршеле функцијата, ќе го задржат директорското столче. 

Веста е прочитана 1026 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.