Речиси 500 скопски полицајци носат оружје добиено на нелегален начин-обвинителството не отворило истрага

12 September, 2017 - 17:08

Министер за внатрешни работи Оливер Спасовски открива дека 468 вработени во скопската полиција земале оружје на нелегален начин, но обвинителството не покренало истрага по тој извештај на МВР.

На денешната прес-конференција за отчетот по повод 100 дена влада, Спасовски истакна дека сега по одбивањето на ОЈО да отвори истрага, за тој случај не може да се покрене нова постапка иако има утврдено неправилности и против законски постапки на вработени во МВР.

-Еден сеопфатен извештај за незаконско издавање на дозволи за оружје, извештај кој беше обемен и на стотина страни, беше доставен до обвинителството и беше затворен таму. Беше констатирано дека 468 лица, само од СВР Скопје имаат земено оружје на нелегален начин. И ако ја затворите постапката еднаш, правилата се дека нема постапка двапати за исто дело, истакна Спасовски.  

Веста е прочитана 5677 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.