Само двајца кандидати за државен обвинител добиле зелено светло од мнозинството членови на Советот

4 November, 2017 - 16:30

Само двајца од 23та кандидати за државен обвинител добиле мнозинство гласови во советот на јавните обвинители,  потврдуваат извори за Телма. Оваа предизвика незадоволство и коментари од  дел од заинтересираните,  дека советот си зел преголема улога а  прашуваат и кои се критериумите по кои се одлучувало.

Нашите извори од советот велат дека речиси една третина од апликантите не добиле зелено светло затоа што не ги исполнувале условите односно имале некомплетна или неуредна документација. 

Инволвирани во процесот сметаат дека една од причините зошто имало мал број на кандидати што добиле позитивно мислење е тоа што советот на обивнителите не е во полн состав . За некој кандидат да  добие мнозинска подршка потребно е за него да гласаат најмалку 6 мина (однсно 50 проценти од вкупниот број на членови на советот кој брои  11) а на седницата  присуствувале  8 члена.  Две места се подолго време испразнети, откако Зоран Сулејманов замина во пензија а Сашо Василевски директор на МЕПСО.  Дополнитлено и Љубомир Јовески не присуствувал на седницата бидејки тој е еден од кандидатите за наследник на Зврлевски. Според неофицијалните информации токму тој е едн од кандидатите кој добил најмногу гласови од неговите колеги.  

На седницата се дискутирало и се гласало за секој кандидат поединечно.  Од советот не откриваат колку позитивни колку негативни мислења испратиле до владата , повторуваат дека апликациите на кандидатите се разгледани и за нив се дадени образложенија во писмена форма .

Од владата велат ги добиле мислењата од Советот и во наредниот период ке бидат ставени на дневен ред за разгледување.

Процедурата од Владата продолжува во Собранието каде за да се именува државниот обвинител потребно е да гласаат 61 пратнеик. Во закон за јавно обвинителство, чл 41 ст 4, пишува:

-Владата на РМ до Собранието на РМ доставува предлог за именување на јавен обвинител на РМ од пријавените кандидати за кои Советот дал позитивно мислење. За кандидатот што ќе го предложи Владата за јавен обвинител на РМ, кон предлогот се доставува и мислењето од Советот.

 Овој оглас за државен обвинител ќе остане запаметен по рекордниот број на кандидати меѓу кои најголем број адвокати но и судии обивнители универзитетски професори.

 

Веста е прочитана 2667 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.