СДСМ: Амбулантно возило се расипало додека превезувало бебе

19 March, 2017 - 16:30

Амбулантно возило се расипало додека превезувало бебе од охридската болница на скопските клиники, а возилото ги немало и сите услови за пренесување на новороденчиња,објави денеска сдсм и побара одговорност од властите за состојбите во здравството, особено по двата смртни случаи во возило на брзата помош минатата недела. Од болницата во Охрид негираат дека им се расипало амбулантно возило. За телма изјавија дека овој месец имале два случаи на пренесување на бебиња до Скопје со две различни возила но дека ниедно не се расиапало и дека немало префрлање пациенти.

Веста е прочитана 1354 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.