Се губи довербата во судството

16 June, 2016 - 15:21

Специјалното јавно обвинителство  се соочува со несоработка од страна на институциите од кои зависат неговите истраги. Опструкциите  се континурани уште од почетокот на неговото дејствување, покажува анализата на Хелсиншкиот комитет и Институтот за европска политика

Во оваа насока е и заклучокот од анализата  според кој  постои неконзистентна практика  на судовите во однос на притворот. Како аргумент  е искористен податокот дека  наспроти одлуките за предметите што ги подигна СЈО , судот определи мерка куќен притвор за 4 учесници во протестите

Областите кои се анализирани во извештајот се правосудството, борбата против корупцијата и темелните права. Загрозена е и загарантираната слобода на собирање и здруживање вели Чаловска од Хелсиншкиот комитет

Во извештајот на анализата стои дека има засилена контрола врз правосудството Доколку ја споредите работата на уставниот суд од 2010 до минатата година , ќе видите дека драстично е намалена  довербата на граѓаните  во оваа институција, рече Стојановски од Хелсиншкиот комитет.

Како аргумент го посочи податокот според кој во период од 4 години судот забележал пад на примени предмети од 73%.

Сања Јовановиќ Дамјановска

Веста е прочитана 394 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.