Се крчка новиот закон за високо образование

31 October, 2017 - 21:55

Едно од срамните петна за која говореше оваа студентка на протестите беа проблемите во високото образование, особено неговата зависност од државата и политиката. Барањето за автономија на универзитетот предизвика лавина на подоцнежни случувања, меѓу кои се искристализира потребата од изготвување на нов закон за високо образование. Очекувањата се дека предлог текстот ќе биде готов до крајот на годинава, а неговата клучна цел треба да биде токму враќањето  на автономијата.

Изминатиот период покажа дека автономијата нема иста дефиниција за сите структури во универзитетот. Во моментов има два предлог текста за високо образование. Зад едниот застана професорскиот пленум, додека вториот беше вчера изгласан од страна на ректорската управа и сенатот. Најдобро ќе беше да излеземе со заеднички текст, но оваа опција ја избра ректорот Јанкуловски, обвини професорот Фрчковски.

Според Фрчковски, во законскиот текст зад кој застана ректорската управа автономијата е само површнсо помената. Кај нас таа е темелно разработена, имаме јасни критериуми за финасирање на високото образование , и тоа по цена на чинење на студенстко место, а се демократизира и изборот на раководни лица на универзитетот, вели Фрчковски.

Според ректорот Јанкуловски, ваквите обвинувања се без основа, а нацрт текстот на ректорската управа  е во прилог на автономијата на универзитетот.

Она што е од сега извесно е дека во иднина нема да биде оставен простор за неконтролирана дискреција и злоупотреби од страна на деканите и ректорот, вели министерката ДЕскоска

На новиот текст за високо образование работи работна група. Веднаш по неговото завршување тој ќе биде достапен за јавна расправа.

Сања Јовановиќ Дамјановска

Веста е прочитана 3241 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.