Семејна трагедија: Татко и син починале од струен удар во својот дом во струмичко

17 September, 2017 - 16:18

54-годишен жител на селото Сушица во општина Ново Село починал од струен удар додека се туширал во своето купатило. Полицијата соопшти дека тој „од неисправна електричната инсталација добил струен удар и починал на самото место“.

Откако неговиот 30-годишен син ја забележал трагедијата, отрчал да помогне, но и него го снашла трагична судбина.

-И синот добил струен удар по што добил струен удар и починал, соопшти полицијата.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител, увидна екипа од СВР-Струмица и од ЕВН. Тие ќе треба да утврдат што е причината која довела до струјните удари од кои загинаа татко и син.

М.С.  

Веста е прочитана 6158 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.