Шербеџија доби понуда да стане член на Американската академија за филм

6 July, 2017 - 10:26

Прославениот актер Раде Шербеџија е повикан да биде член на Американската академија на филмски уметности и наука, во која членуваат филмски професионалци од целиот свет.

На овој начин Шербеџија би станал еден од членовите кои, меѓудругото, учествуваат и одлучуваат за добитниците на најпрестижната филмска награда Оскар.

Академијата има членови д 57 држави.

Во кариерата долга 50 години познатиот актер остварил повеќе од 150 улоги во домашни и странски филмови. Своите актерски способности ги има докажано и во филмските хитови на Стенли Кјубрик „Очи ширум затворени“, „Невозможна мисија 2“ на Џон Ву, „Вселенски каубојци“ на Клинт Иствуд и „Грабни и бегај“ на Гај Ричи.

Неговиот првенец како режисер „Ослободувањето на Скопје“, во кој ја толкува главната улога, е прикажан на повеќе од десет фестивали во Европа и САД. Минатата година овој филm е избран да биде македонски кандидат за 89. доделување на наградите Оскар, во категоријата најдобар странски филм

Веста е прочитана 550 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.