Шинед О’Конор „исчезна“ на неколку часа

17 May, 2016 - 12:51

Ирската пејачка Шинед О’Конор синоќа беше пронајдена неповредена во едно предградие на американскиот град Чикаго, откако неколку часа претходно полицијата ја прогласи за исчезната.  

Полицијата соопшти дека 49-годишната Шинед, која неодамна се закани дека ќе се самоубие, вчера претпладне по локално време го напуштила својот дом и заминала да се вози со велосипед, по што и бил загубен секаков траг.

Американските медиуми јавија дека откако по неколку часа Шинед не се вратил во домот, некој од нејзините блиски и се обратил на полицијата, информирајќи ја дека пејачката „исчезнала“. 

О’Конор неодамна на својот профил на Фејсбук објави дека минатата година се обидела да се самоубие со земање голем количество таблети.

 

 

Веста е прочитана 428 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.