Шоуто „Импровокација“ го полни охридскиот театар

14 October, 2017 - 16:08

Трета сезона актерите на Народниот театар од Охрид Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски и Филип Кипровски и инспициентот Филип Жура го полнат гледалиштето на малата алтернативна сцена во Центар за култура со шоуто Импровокација. Се работи за забавна театарска форма во која активно е вклучена и публиката. Таа го одредува текот и заплетот на претставата и ликовите и им задава задачи на акетерите кои импровизираат на сцената претворајќи го шоуто во урнебесна интеракција со публиката.

Театарската импровизација „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е спонтана, забавна и смешна, која треба да се види и доживее за да се ужива во неа, бидејќи секоја претстава всушност е премиера. Ова популарно шоу ја збогати алтернативната сцена во градот, која е исклучително активна.

Втората епизода од третата сезона на Импровокација охридската публика ќе ја види вечерва и ќе биде своевидно релаксирање во предизборниот молк пред утрешното гласање за локалните избори, најавуваат импровокаторите Никола, Стрезо и Филип.

Горан Момироски

Веста е прочитана 330 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.