Штипските стечајци бараат законот за нивно обештетување, да се донесе пред локалните избори

17 September, 2017 - 17:48

Преполни сали од стечајните работници се запишуваат во списоците кои треба да се достават до Влада , а деновиве очите им се вперени во македонското собрание, каде што треба да се донесе законот за стечајни работници, кој ќе им гарантира редовен месечен паричен надоместок. Добар дел од нив го губат трпението, но и вербата дека ќе се изгласа законот.

Законот за стечајни работници влезе во собраничска процедура, но тие бараат  да се донесе до 20 ти септември и поддршка од сите пратеници, и од власта и од опозицијата.

Со овој закон се очекува материјално да бидат обезбедени над 3.500 стечајни работници на кои им престанал работниот однос поради стечај, ликвидација или технолошки вишок во периодот од 1995 до 30 јуни 2017 година.

Во Штип до сега на списоците се регистрирани над 560 стечајни работни. 

 

Викторија Димитрова

Веста е прочитана 435 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.