СИЕР: Нови манипулации со минималната плата

12 September, 2017 - 19:56

Предлог законот за минимална плата не им дава никаква гаранција на работниците од текстилната, кожарската и дрвната индустрија дека ќе им биде исплатена загарантираната минимална плата. Причина за тоа е терминот нормиран учинок кој според Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство е вметнат во предлог решението. Дополнително велат зачудува фактот што законот за минималната плата бил усогласен на економско социјалниот совет, а пред пратениците се испраќа решение кое на работодавачите повторно ќе им даде можност за манипулации и злоупотреби.

„Има милион начини на кои работодавачот склон на злоупотреба и непочитување на законот ќе најдат.Работниците или ќе пагаат на машините за да го стигнат тој нормативен учинок за да ја земат минималната плата,ќе доаѓаат прекувремено или во саботите за да земат 12 000 денари“,изјави Пеце Ристевски – СИЕР.

Со допис до министерството за труд, на условената минимална плата реагирал и Сојузот на синдикати на Макеоднија. Од таму побарале учинокот да не го нормира работодавачот кој сака за повисoка норма и ниска плата да добие поголемо производство. Надлежните пак уверуваат дека терминот нормиран учинок има дополнителни ставови кои се во интерес на работниците.

-Нормираниот учинок треба да е остварлив за 80 % од бројот на вработени, а работодавачот на крајот на секој месец ќе му издаде потврда за остварен учинок со пресметка за плата, сооптшија од МТСП.

Минималната плата е основа и за барањето на конфедерацијата на слободни синдикати, платата на администрацијата да се зголеми за 19% со објаснување дека јавниот сектор треба да има повисока плата од приватниот сектор.

Од конфедерацијата обвинија дека економско социјалниот совет не функционира и доколку состојбите не се поправат ќе организираат масовни протести.

Виолета З Стојановска

Веста е прочитана 3935 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.