Силно невреме во Тетово

12 September, 2017 - 15:53

Силниот ветер проследен со дожд, синоќа во Тетово корнеше дрвја и покривни конструкции. Овој покрив е паднат од оваа осумкатница лоцирана на булеварот Илинденска, директно на два автомобила, паркирани пред зградата. За среќа предизвикана е само материјална штета. На локацијата каде паднала конструкцијата немало никого.  

Нашата камера регистрираше дека покривната конструкција од лим и летви која паднала од доградбата на станбениот објект е составана со обични клинци со мали димензии Граѓаните велат дека речиси сите доградби се градат без стандарди, и најчесто при поголемо невреме покривите од овие градби се уриваат. 

Од тетовската противпожарна единица, велат дека за време на невремето интервенирала на неколку места. Но најризично било  на станбената зграда на Булеварот Илинденска каде нивни екипи спречиле да се откорнат и покривите од другите влезови на објектот. Оттаму апелираат надлежните да ги контролираат изградбите на доградбите кои поради неквалитет, највеќе страдаат при вакви временски неприлки. 

Во синоќешното невреме, во Тетово оштетени беа и повеќе автомобили од откорнатите дрвја и покривните конструкции.

Инаку во 2010 година при силен ветар падна покривот од Тетовската клиничка болница и усмрти студентка од Косово. За овој трагичен случај, досега никој не понесе одговорност. 

Зоран Димовски

Веста е прочитана 1212 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.