Синдикат на МНР – конкурси за партиски кадри

21 April, 2017 - 16:34

Париз, Лондон, Њујорк, Москва, Бразилија се само дел од 20-тината атрактивни метрополи  во кои ќе заминат дипломатите  во македонските амбасади кои ќе бидат избрани на преку интерните  конкурси во Министерството за надворешни работи. Синдикатот на дипломатската служба се сомнева дека воопшто постои ургентна потреба од пополнување на овие дипломатски позиции во амбасадите и конзулатите. Кога некаде има потреба практика е да се праќаат на испомош на неколку месеци. Но ова се позиции за наколку години.

Интерните конкурси во МНР секоја година се објавуваат во февруари, но овој пат, Синдикатот обвинува дека постапката е незаконска затоа што се работи за постоизборен период кога не е избрана нова Влада и се повикува на мислењето на Антикорупциската комисија од 7 септември 2016 година.

Од МНР на обвинувањата дека конкурсите се згрижувања на партиски кадри, го повторија својот став дека постапката е согласно Законот за надворешни работи и Правилникот, а лицата кои се претставуваат како Синдикат, ги обвинија дека се обидуваа да извлечат политичка корист. МНР потенцира и дека и натаму ќе се грижи за заштитата на националните интереси во доменот на надворешната политика. Она што е критично во моментов за надворешната политика е и пополнување на амбасадорските места, кои се испразнети во 12 македонски амбасади и две мисии, во Евроспката Унија и ОН во Женева, а на уште неколку амбасадори следните месеци им истекува мандатот.

Сања Васиќ

Веста е прочитана 1515 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.